Актерката од „Игра на Тронови“ се разведува од пејачот! Му роди две деца, а сега ја обвинува дека ги запоставува?!
Актерката Софи Тарнер, позната како Санса Старк од серијата „Game of Thrones (Игра на Тронови)“, се разведува од пејачот Џо Џонас од „The Jonas Brothers“. Двојката која има две деца е во брак четири години, но сега на таа приказна и дојде крајот.
Џо (34) ангажирал двајца адвокати за развод, пишуваат американските медиуми, бидејќи во последните шест месеци имал „сериозни проблеми“ со Софи (27).
„Пипл“ пишува дека причина за разводот е тоа што пејачот „сам се грижи за двете деца“. Не е познато што ја спречува Софи да учествува во грижата за нејзините две ќерки. Актерката продолжи да работи во Холивуд и по „Game of Thrones“, но не е единствената зафатена, бидејќи Џо исто така моментално е на сред турнеја.
Двојката ја има тригодишната Вила, како и едногодишната ќерка чие име никогаш не е откриено во јавноста. Софи и Џо никогаш не сакале да споделат премногу детали од својот живот со „целиот свет“, поради што не го соопштиле името на помалото дете.
Тие не се појавуваа заедно на настани, а последните заеднички фотографии беа направени во Лондон во април. Ниту Софи ниту Џо се‘ уште официјално не објавиле дека се разведуваат.
Фото: Youtube - screenshoot