Актерот Андрија Милошевиќ го очекува првото дете: Среќна вест по десет години хармонична врска со Сандра
Во Сандра најдов сe' што барав кај една девојка - изјави Андрија уште во 2014 година.
Актерот Андрија Милошевиќ и неговата колешка и долгогодишен партнер Сандра Томиќ живеат заедно со години, и ретко зборуваат за нивната врска во јавноста.
Дека се подготвени за нов чекор во животот покажува информацијата дека Сандра е бремена.
Имено, како што наведува извор близок до актерите, Андрија и Сандра ќе станат родители за неколку месеци.
Сандра и Андрија се заедно една деценија, па сигурно е дека хармоничниот пар не може да добие подобри вести од ова.
Во 2014 година, Андрија во интервју истакна дека Сандра е остварување на неговите соништа.
- Со Сандра сме заедно година и пол и уживаме во љубовта. Го поминуваме секој слободен момент заедно и се обидуваме најдобро да го искористиме времето помеѓу бројните деловни обврски. Патуваме многу, се забавуваме и можам да кажам дека најдов се' што барав кај една девојка во Сандра - изјави Андрија.
За нивната идилична врска сведочат и бројните видеа кои актерот ги објавува со Сандра, секогаш успевајќи да ѝ измами насмевка на лицето, како на неа така и на следбениците: