Актерот кој го гледавме и во „Очајни домаќинки“ почина на 50 години, неговата вереница неутешна: „Никогаш нема да престанам да те сакам“
На социјалните мрежи се огласи свршеницата на актерот Алек Масер, кој почина на 50-годишна возраст. Таа е неутешна по неговата смрт. Причината за трагедијата сѐ уште не е објавена, а нејзините зборови се многу потресни.
„RIP љубов моја. Никогаш нема да престанам да те сакам, моето срце е скршено. Денес е најлошиот ден во мојот живот. Бевме многу среќни... Ти беше најдобриот вереник што можев да го побарам“, напишала Пејџ Прес која била свршен за актерот.
Домородниот њујорчанец Алек Масер починал во својот дом во Калифорнија. Тој е најпознат по улогата на Ден Хенри во серијата „Сите мои деца“ каде глумеше и Кели Рипа. Играше во 43 епизоди, од 2005 до 2007 година. Таа улога ја доби по победата во реалното шоу „I Wanna Be a Soap Star“.
Имаше епизодни улоги во филмовите и ТВ сериите „Пораснати“, „Рита Рокс“, „Очајни домаќинки“ и „Пат до олтарот“. Изминативе неколку години паузираше од актерството, но не и од социјалните мрежи.
Тој пред пет дена ја објави својата последна објава на Инстаграм:
Тој беше познат и како фитнес тренер и бодибилдер, а ги красеше насловните страници на бројни списанија Men's Health, Men's Workout и Exercise Health. Фановите со неверување се збогуваат со него, а последната порака во негова чест ја објави актерот Адам Сендлер.
Foto: Instagram