Актерот моментално е буден и реагира на околината: Што се случи со Џејми Фокс откако му се слошило?

Добивај вести на Viber

Познатиот актер сѐ уште е во болница, а пред две недели итно беше хоспитализиран.

Џејми Фокс бил на снимање на филм во Атланта кога му се слошило и итно бил префрлен во болница. Блиски извори откриваат дека неговата состојба е критична и лекарите морале да го реанимираат.

Радар онлајн пишува дека актерот бил на неколку секунди од критична состојба и дека доживеал опасна медицинска криза.

„Среќен е што е жив“, се наведува.

Како што понатаму наведува изворот, неговата состојба била неизвесна со денови.

Тие понатаму пишуваат дека Џејми боледува од висок крвен притисок. Да не реагираа брзо овој пат, којзнае како ќе завршеше се.

Извори велат дека актерот се однесувал нетипично за време на снимањето на филмот „Back In Action“ на кој работи со Камерон Дијаз, а очигледно објаснување за тоа е неговата здравствена состојба.

Актерот моментално е буден и реагира на околината.