Здравје // Совети
АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД 3.556: Имаме доволен број на болнички капацитети, уверуваат здравствените власти
Главно жариште на корона вирусот во Македонија и понатаму останува Скопје. Бројот на активни случаи од вчера надмина 2.000. Сепак, здравствените власти уверуваат дека болничките установи имаат капацитет за да примаат нови пациенти на кои им е потребна хоспитализација, бидејќи располагаат со доволен број на болнички кревети.
Од денеска повторно во функција ќе биде ставена модуларната болница во која изминатите денови се поставуваше инсталација за довод на централен кислород.
Според директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р. Милена Стевановиќ, во текот на вчерашниот ден беше направено и последното тестирање на системот, со што од денеска, за пациентите болни од ковид ќе бидат на располагање и дополнителните 70 кревети од оваа болница. Дали има доволен број на болнички легла на Инфективната клиника прочитајте на фактор.мк