Во рамките на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција и со желба Скопје да биде континуирана туристичка дестинација, оваа година фестивалот Skopje Calling ќе трае два викенда!
Хедланјер на првиот викенд на Skopje Calling 2018 ќе биде ALAN WALKER- апсолутно едно од најголемите имиња на електронската музичка сцена во во моментов, со настап на 2 јуни, сабота, на АРМ стадионот.
Иако има само 20 години, WALKER е еден од најслушаните артисти на денешнината, додека на YouTube, неговите хитови „Faded“, „Alone“ и „Sing Me To Sleep“ ги оборија сите светски рекорди на гледаност и ги покорија светските топ листи, а исто така имаат и платинест тираж во повеќе од 10 земји.
За оваа година, WALKER најави нова музика, како и светска турнеја, каде за прв пат ќе го види македонската публика и онаа од регионот на фестивалот Skopje Calling 2018!
Влезниците по цена од 1000 ден ПАРТЕР и 1500 денари ФАН ПИТ ќе бидат во продажба од 9ти февруари.