Александар Јосифовски ќе прави свадба: Ќе ги поканам сите членови на жирито од ,,Ѕвездите на Гранд

Ѕвездата на Гранд продукција Александар Јосифовски помеѓу два хита, се подготвува за свадбата со својата сакана Теодора. Иако веќе живеат заедно, решија за своите најблиски и пријатели да направат веселба во Охрид. 

*Кога и каде ќе биде свадбата?

- Бидејќи ќе бидесепак една голема организација, со членови од моето големо семејство, свадбата ќе се одржи во Охрид. Сеуште немаме одлучено која ќе биде локацијата на угостителскиот објект во кој ќе се одвива нашата свадба, но би требало да се знае во скоро време.

* Што ќе облечеш како младоженец? Некое рок изненадување или класична варијанта?

- Кога станува збор за облека, свадба доликува со класичен изглед на  зет, па јас највероватно ќе бидам облечен во некое одело, во кое ќе се чувствувам удобно преку целиот ден и во текот на вечерта.

* Дали твојата Теодора веќе ја одбра венчаницата?

- Венчаницата моментално е во изработка и треба да се заврши за скоро, но младата сеуште не сака точно да ни открие со какви детали ќе биде и како ќе изгледа. Да почекаме уште малку...

* Кој ќе ви пее на свадбата?

- Не сакаме се уште да откриваме детали, но еве, специјално за Вашиот сајт ќе кажам дека како гости ќе бидат поканети сите од жирито на Гранд.Тоа ми е желба, да бидат дел од вечерта и секој од нив да си го испее својот најсакан хит на свадбата. А забавниот дел би сакал да гоотсвират членовите на легендарната група „Дивље Јагоде". Сепак, музиката ја прави свадбата и ние сите како слушатели ќе уживаме во тоа. Сигурно микрофонот ќе патува од рака во рака во текот на целата вечер...

С.А.Н

Фото: Инстаграм