Александра Пријовиќ во издание кое ќе ја одбележи есента 2022 година: Треба да го ископирате, а овој детаљ е задолжителен
Александра Пријовиќ е една од дамите чиј стил не е тешко да се ископира
Пејачката Александра Пријовиќ често е во центарот на медиумското внимание поради нејзиниот едноставен, а сепак толку автентичен стил на облекување.
Како и многупати досега, Александра носеше модерна облека која секоја жена може лесно да ја ископира и да изгледа фантастично.
Без разлика дали ви треба идеја за облека за забава, ноќно излегување во градот или која било друга пригода, нема грешка со овие парчиња.
Оваа есен, кожените парчиња облека се вистински „must have“, а она што ги прави многу привлечни е тоа што лесно се комбинираат со други материјали.
Александра Пријовиќ на промоцијата на книгата со потпис на Ана Петровиќ, наречена „Клуч за здравје“ се појави облечена во црни кожени панталони и кафена кожена кошула.
Детаљ кој на целиот аутфит му дал посебен шарм е големиот црн ремен кој пејачката го носеше околу половината и кој дополнително ја истакна нејзината витка линија.
Високите црни чизми до над колена беа тотален моден хит. А малата црна чанта го комплетираше изгледот на пејачката.
Необичната комбинација на оваа кафена и црна боја се почесто можеме да ја видиме на светските ѕвезди, а очигледно е дека познатите дами на Балканот ги следат светските трендови, па оваа комбинација и кај нас е се почест избор.
Кафеавата и црната боја станаа водечки есенски тренд за 2022 година, па не заборавајте да вклучите дел од облеката во овие бои во вашата гардероба.
Фото и Видео: Инстаграм