Ана е многу силна жена, нема време за солзи: Бекута секој ден оди во болница кај Милутин, а во едно е сигурна

Пејачката Ана Бекута секојдневно оди во болница кај својот емотивен партнер Милутин Мркоњиќ, кој моментално е во болница и води голема животна битка.

Бекута, како што изјави извор за српските медиуми, блиска пријателка на пејачката, е многу силна жена и нема време за плачење, како што објавија некои медиуми, а верува дека нејзиниот Мрка наскоро ќе си дојде дома.

Состојбата на Милутин Мркоњиќ е сериозна: Ана Бекута му е најголема поддршка, а нејзиното загрижено лице открива сѐ

„Некои пишуваат дека Ана не излегува од станот и плаче, што не е точно. Ана е свесна за целата ситуација во која се наоѓаат таа и нејзиниот партнер. Се уште е активна, секој ден оди во болница кај Милутин и разговара со лекарите за здравјето на Милутин“, изјави пријателката на пејачката.

„Поголемиот дел од времето го поминува со кандидатите од „Ѕвездите на гранд“, а не ги запоставува ниту деловните обврски. Таа е многу прибрана и силна личност, но не сака да се рекламира во јавноста за тие теми и тоа е нејзино право, иако секогаш била отворена дека ќе го чека партнерот во нивниот заеднички дом“, заклучила пријателката.

извор:kurir.rs