Ана Ивановиќ ја покори Виена со својата нереална природна убавина: Накитот што го носи сјае од гламур, а сите гледаат што носи нејзиниот сопруг
Познатата белграѓанка Ана Ивановиќ неодамна престојуваше во Србија, а потоа со семејството замина во Виена, каде на 1 јануари заедно со сопругот Бастијан Швајнштајгер присуствуваа на новогодишниот концерт на Виенската филхармонија.
Концертот се одржа во Златната сала, а познатиот пар не можеше да остане незабележан во публиката. Природната убавина на Ана Ивановиќ повторно дојде до израз, како и нејзиниот одмерен стил на шминкање.
Foto: printscreenВо центарот на вниманието беше и гламурозниот накит што го носеше а еве доказ дека обетките можат да бидат круна на модно издание. Ана носеше пообемно, но доволно софистицирано парче накит што одлично се вклопуваше со нејзиниот црн аутфит.
Го забележавме и нејзиниот раскошен прстен, но и венчалниот прстен на раката на нејзиниот сопруг. Има мажи кои од различни причини не сакаат да носат бурма, Швеини не е меѓу нив, а тоа воопшто не нѐ чуди.
Foto:Profimedia
Овој прстен мора да има посебно значење за него, а добивате ли и впечаток дека тие двајца само блескаат кога се еден до друг?