Ана Ивановиќ: Никогаш не е лесно да кажете збогум
Ана Ивановиќ, тенискиот рекет го замени со количка и сега гордо шета со својот син Лука. Сепак тоа не ја спречи да го прослави големиот ден од својата тениската кариера - 10 години откако го освои Ролан Гарос. Сопругата на фудбалерот Бастијан Швајнштајгер ја искористи оваа можност да се потсети на најубавиот дел од својата тениска кариера и со искрените зборови допре до многу.
„Бев многу возбудена, но доста нервозна. Се уште се сеќавам на последниот поен, кога го освоив Ролан Гарос. Плачев, се разбира, и не можев да поверувам дека по таква напорна работа, конечно си го остварив сонот. Се уште се сеќавам како скокнав кај публиката. Сè уште ги имам овие фотографии и ќе останат засекогаш со мене. Скокањето меѓу вашата публика никогаш не е сигурно, но во тој момент не се грижев за ништо ", раскажа за „Tennis Channel“, тениската легенда.
Таа го искористи овој момент да се сети како се чувствувала кога одлучи да ја прекине својата кариера во 2016-та година.
„Никогаш не е лесно кога ќе се одлучите да кажете збогум на нешто што го сакате и што сте го работеле целиот живот. Се сеќавам, кога ќе добив нов рекет, јас спиев со него цело време. Тоа беше на некој начин моето бебе. Благодарна сум на се што постигнав до моментот кога му кажав „збогум" на тенисот. Тоа ми помогна да одлучам исправно", се сеќава Ана со задоволство.