Андреа го истетовирала името на Неда Украден: Сега, пејачката поминала 1.000 километри за да се појави на нејзината свадба

Добивај вести на Viber

Поради говорот на пејачката сите плачеле...

Пејачката Неда Украден има многу обожаватели, а меѓу нив се издвојува Андреа Криштофиќ (30) која има дури и тетоважа посветена на неа и на која пејачката ѝ исполни една голема желба.

Андреа од мала ја сака Неда и нејзините песни, неодамна на видливо место на раката, го истетовирала името и презимето на пејачката, а поголемиот број пејачи не можат да се пофалат со ваков чин полн со почит и љубов.

Неда е во контакт со Андреа, која ја повикала на својата венчавка, а бидејќи заради обврските и одалеченоста мислела дека нема да дојде, пејачката ја изненадила и дополнително ја усреќина на овој среќен и важен ден.

Неда, поминала 1.000 километри за да дојде на нејзината свадба и да ја испочитува, што е уште една причина плус зошто Андреа ја обожува и зошто ѝ е најголем обожавател.

Неда ја изненадила Андреа на венчавката, а со говорот допрела до сите гости.

„Големо задоволство ми претставува тоа што сум дел од оваа прослава, оваа убава свеченост на нашата драга Андреа, која имаше голема желба да ѝ бидам гостинка на венчавката. Ако ми верувате, денес поминав 1.000 километри, не сакав да ја разочарам, да ја издадам, знам колку ѝ значи овој ден. 

Жал ми е што твојата мајка не е тука вечерва, тебе Бог ти даде да имаш татко, да го имаш, пред сѐ својот Давид, целата љубов на овој свет. Ти дојдов како некој кој може да ти биде мајка, по годините, сакам да ти ја пренесам целата љубов од мајката која ја немаш, а која всушност ја имаш меѓу сите нас овде“ - кажала Неда на свадбата, по што таа и Андреа се прегрнале, а многумина пуштиле и по некоја солза.

Видеото од изненадувањето може да го погледнете ТУКА.

фото: Принтскрин