Андреа се снимала на Фејсбук во моментот кога децата ѝ загинале? Две жени се обвинуваат една со друга за страотната трагедија

Две деца трагично настрадале додека нивната мајка снимаше во живо на Фејсбук.

Беатрис Ерика Петрис и Моис Кристијан Петрис, кои неодамна наполниле две години, трагично загинаа кога паднаа од балкон. Нивната мајка Андреа Виолета Петрис во тоа време снимаше директен пренос на Фејсбук, а нејзината пријателка Алина ги чуваше децата. Се сѐ случи во Романија, а вестите и страшните снимки станаа вирални на интернет, пишува жена.блиц.рс.

Андреа и Алина имаат потполно различни верзии за овој настан што се случи на 18 август, а случајот ја интригира Романија, па целата земја разговара за тоа.

Имено, Андреа тврди дека спиела во собата со најстариот син, додека Алина ги чувала близнаците во другата соба. Андреа понатаму тврди дека кога отишла да ги види и видела дека близнаците не се таму, забележала и дека собата е во целосен и необичен хаос, иако била уредна претходно. Покрај тоа, вели таа, прозорецот бил отворен. Андреа ја обвини својата пријателка за смртта на нејзините деца бидејќи, како што вели, покрај сето тоа, душекот бил надвор од кревет, и невозможно е децата сами да го извадиле. Девојчето, вели Андреа, имало проблем со десната нога, поради што не можело убаво да оди, ниту пак можела да се качи до прозорецот и сама да скока. Андреа, исто така, тврди дека Алина земала нелегални супстанции. Сепак, тестот што го направи Алина покажа дека таа нема ништо од тоа во нејзиниот крвен систем.

Алина, пак, тврди дека Андреа била неодговорна мајка и дека само Андреа е одговорна за смртта на децата, како и дека во моментот на трагедијата, Андреа снимала Фејсбук во живо.


Извор: zena.blic.rs

Foto: instagram