Андрија сака ќерка, а јас син: Актерката Јана Стојановска ужива во бременоста

Актерката Јана Стојановска која во јуни ќе се мажи во Белград за кошаркарот Андрија Бојиќ е бремена, објави Тв емисијата „Ексклузив“. Актерката за Женски магазин изјави дека се чувствува одлично и влегува во 12 недела од бременоста. Нејзиниот свршеник, како дете од семејство каде што има повеќе машки деца, посакува ќерка. 

„Андрија сака девојче, тие се тројца браќа во семејството, а има и внук од брат му. Црногорска фамилија се. Но, спротивно на тоа, ете мислам дека сите сакаат девојче. Јас, сакам и девојче и машко. Целиот живот сум посакувала девојче, но ете, од пред една година сѐ ме влече на машко“, ни изјави Јана.

„Силвија е пресреќна, Ана исто“, додаде актерката за радоста на мајка ѝ на сестра ѝ, познатите актерки. Стојановска вели дека ако навистина роди ќерка, сите ќе ја чуваат како принцеза.

Неодамна, Јана за Женски магазин ја раскажа љубовната приказна со кошаркарот од МЗТ и откри детали за свадбата. 

„ Со Андрија лично се запознавме на 13 април минатата година. Претходно си имавме разменето по некој збор на Инстаграм, тој тогаш играше во Полска. Слушал македонска музика, евергрини, и изборот на јутјуб го донел до мојата песна „Празни зборови” што ја пеевме во дует со Влатко Илиевски. Така решил да ми пише, тоа беше некаде декември. Потоа неверојатно, сосема случајно добил „прекоманда“ во МЗТ Скопје во април минатата година. Ми пиша дека е во Скопје и дојде на претстава. И толку беше. Судбинска приказна“ , изјави актерката. За свадбата, таа вели дека сака да биде опуштена забава, а закажана е во белградскиот хотел „Југославија“, следниот месец. 

„ Таму свадбите почнуваат од три и траат до 12 навечер. Се очекува да има многу гости, а јас се надевам дека сите ќе бидат среќни и весели. Тоа се моите најискрени очекувања“, ни раскажа актерката.

М.Џаровска