Анџелина Џоли 18 минути била прекриена со пчели: Познатата актерка уште еднаш докажа борбеност и став

Добивај вести на Viber

Познатиот фотограф Дан Винтерс конечно се огласи по оваа фотосесија...

Американската актерка Анџелина Џоли со години успешно соработува со „УНЕСКО“ на иницијативата „Жени за пчели“, која ќе изгради 2.500 пчелни живеалишта и ќе обнови 125 милиони пчели до 2025 година.

За да ја промовира споменатата иницијатива, Анџелина посака да направи свој портрет на кој е прекриена со пчели.

Познатиот американски фотограф Дан Винтерс, кој ја направи споменатата фотографија истакна:

„Знаев дека единствениот начин за да се осигураме дека ќе го постигнеме посакуваниот ефект на фотографијата беше да ја користиме истата техника која ја користеше Ричард Аведон пред 40 години за создавање на својот историски портрет на пчелар.“

View this post on Instagram

A post shared by Dan Winters (@danwintersphoto)

„Анџелина стоеше совршено мирно, прекриена со пчели цели 18 минути без убод.“ - додаде тој.

Да се биде во близина на пчели секогаш е искуство кое вчудоневидува.

„За создавање на овој портрет се користеше идентичниот феремон кој беше користен на фотографирањетп на Аведон, како и италијански пчели. Атмосферате мораше да биде тивка и мрачна за пчелите да бидат мирни.“

фото: PROFIMEDIA