Анџелина Џоли отвори Инстаграм профил: Нејзината прва објава растажи многумина

Анџелина Џоли за само неколку часа доби над 1.800.000 следбеници на Инстаграм. До денес веќе брои на 5 милиони следбеници.

Џоли го отвори профилот за да сподели фотографија од писмо.

Актерката Анџелина Џоли (46) го отвори својот профил на Инстаграм во петокот, 20 август, за да им помогне на луѓето и да укаже на социјалните неправди и да биде глас за сите што се борат за своите човекови права. За нејзиниот прв пост, таа избра трогателно рачно напишано писмо од тинејџерка од Авганистан.

"Ова е писмо што го добив од тинејџерка од Авганистан. Во моментов, Авганистанците ја губат способноста да комуницираат на социјалните мрежи и способноста слободно да се изразуваат. Затоа дојдов на Инстаграм за да ги споделам приказните и гласовите на оние кои се борат за нивните основни човекови права.

Таа ги покани сите да ѝ се придружат.

Бев на границата со Авганистан две недели, каде што се сретнав со авганистански бегалци кои избегаа од Талибанците. Тоа беше пред 20 години. Болно е да се гледа како Авганистанците се преселуваат од стравот и неизвесноста што ги зафатија нивната земја. Трошењето толку многу време и пари, пролевање крв и губење животи само за да се повтори ова, е речиси невозможно да се разбере.

Со децении беше болно да се гледа како бегалците од Авганистан - некои од најспособните луѓе во светот - се третираат како товар. Знаејќи дека ако имаат услови и почит, ќе направат многу за себе. Запознав толку многу жени и девојки кои не само што сакаа образование, туку и се бореа за тоа. Ќе продолжам да барам начини да помогнам. И се надевам дека ќе ми се придружите“, напиша Анџелина.

View this post on Instagram

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)


Нејзиниот пост за само еден час доби над 200.000 лајкови, а многу колеги и обожаватели ја поддржаа. А веќе денес постот има над 2милиони лајкови.

извор:net.hr