Анџелина Џоли во наједноставното можно издание, а повторно толку посебна и моќна (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Холивудската актерка Анџелина Џоли е позната по својот социјален активизам, па не е чудно што во средата го посети американскиот Капитол за да помогне во донесувањето на новата верзија на Законот за насилство врз жените.

Анџелина пристигна во Вашингтон во друштво на својата ќерка Захара, а зборувајќи на прес-конференцијата беше многу емотивна и во одредени моменти - очите и беа полни со солзи!


„Најмногу сакам да им оддадам почит на децата кои се исплашени и страдаат во моментот. Но и на многу луѓе за кои овој закон дојде предоцна. Жените кои поминаа низ овој систем со мала или никаква поддршка сè уште носат болка и траума. Поради злоставувањето што го доживеале. Младите луѓе кои го преживеале злоставувањето станале посилни, но не поради системот за заштита на децата, туку и покрај тоа“, рече меѓу другото Џоли.


Познатата 46-годишна дама долго време не изгледала толку убаво и елегантно, а за оваа важна пригода избрала класично, елегантно, деловно издание.

Анџелина избрала црн комплет составен од „пенсил“ здолниште и долга јакна, која ја украсила со кожен ремен со златна тока околу половината.



Изданието го заокружи со црни салонки и квалитетна ретро-дизајн чанта, а особено убав, софистициран детаљ на оваа бринета беа огрлицата и бисерните обетки.

Да потсетиме, актерката веќе неколку години инсистира на сведен стил, кој не го истакнува нејзиниот сексапил, туку всушност го прикрива и „смирува“.


Исто така, таа исклучително го поедностави својот стил, па најчесто ја гледаме во еднобојни парчиња во бела, црна, сива или беж боја и без непотребни детали и дизајни.



Foto: Instagram/Youtube printscreen