Ангела од Струмица се пласираше во третиот круг во Ѕвездите на гранд: Доби шест гласа од жирито и многу пофални зборови
Ангела Котуровиќ од Струмица обезбеди пласман во третиот круг во најголемото музичко шоу на Балканот „Ѕвездите на Гранд“.
Ангела овој пат пееше песни од Нина Бадриќ и Марија Шерифовиќ, а нејзината изведба најпрво ја пофали Вики Милковиќ, но и останатите членови на жирито имаа само пофални зборови за неа. Таа ги освои сите шест гласа од вториот круг и обезбеди пласман во следниот круг од ова музичко натпреварување.
„Силна моќ во гласот, убава боја. Вечерва ти ,,пееше’’ во вистинска смисла на зборот’’ кажа Вики додека Босанац кажа дека Ангела е пејачки капитал кој треба да се унапредиа а во своите коментари не се штедеа ниту останатите членови од жирито.
Како изгледаше настапот на Ангела погледнете на самиот почеток од емисијата, односно после 07-та минута.
Секоја чест Ангела.
Фото: Youtube - screenshoot