Ангелското лице е минато: Вака изгледа денес популарната „Злобничка“ - зошто ли го направи ова?

Добивај вести на Viber

Габријела Спаниќ има 50 години, но исчезна нејзиното ангелско лице на кое сите се сеќаваа

Деветтата деценија од минатиот век беше златното доба на латиноамериканските сапунски серии. Касандра, Есмералда... Многумина поради нив научија шпански. А се сеќавате ли на „Злобничка“, познатата „Усурпадора“?

Габријела Спаниќ одлично ги носи своите години, но тешко е да се препознае на прв поглед.

Главната хероина на оваа венецуелска теленовела ја играше Габријела Спаниќ. Таа беше особено интересна за гледачите во регионот поради нејзиното хрватско потекло.

View this post on Instagram

A post shared by Gabriela Spanic (@gabyspanictv)



Габријела Спаниќ сега има 50 години, на иста возраст како нејзината сестра близначка Даниела, а во бракот кој заврши во 2003 година го доби синот Габриел де Жезус. Играше во популарни серии, водеше некои емисии, а потоа исчезна. Освен од Инстаграм.

По неколкугодишна пауза, Габриела летово се врати на малите екрани со новиот проект „Si nos dejan“, во стилот на старите добри латино сапуници. Сепак, многумина не ја препознаа.


Таа се најде на удар на јавноста, особено на следбениците на социјалните мрежи, кои сметаат дека прерано прибегнала кон методите против стареење. 


„Имаше лице на ангел, зошто го уништи“ и „Изгледаш како Џокер“ се само дел од „комплиментите“ кои може да се прочитаат во коментарите.

Што мислите?

Дали „Усурпадора“ претера со пластична хирургија?



ФОТО: Televisa promo/Инстаграм