Анкета на Женски магазин: Дали би ги вакцинирале своите деца со вакцина против вирусот ковид-19?

Вакцинацијата на лица под 18 години е тема за која се зборува постојано во изминатиот период. Родителите се поделени во мислењата на оваа тема, едните велат веднаш би ги вакцинирале своите деца, други децидно одбиваат, а трети се уште не знаат како да постопат.

Некои држави започнаа со вакцинација на деца до 12 години против вирусот ковид -19, а некои чекаат дополнителни студии за евентуални ризици.

Кај нас вакцинацијата на деца против коронавирусот започна пред 10-тина дена. Според министерството засега младите ќе примаат само Фајзер вакцина. За нив вакцинирањето се одвива со закажување, односно со закажан термин, додека за возрасните повеќе не е потребно пријавување.

Што мислите вие? 

Дали Вие како родители одобрувате вакцинација на деца? Под секој текст има анкета на која можете да гласате со „да“ , „не“ или „не знам“, а ние би сакале да го слушнеме вашето мислење околу оваа тема. И секако, на Фејсбук го очекуваме вашиот коментар?


Фото: freepik