Анкета на Женски магазин: Кој е Вашиот прв избор кога е во прашање купувањето на козметички производи?

Козметичките производи како шминка, производи за нега на кожа, хигиена и така натаму се многу важни за секоја жена. Внимателно се одбира производителот, но и дистрибутерот, а голема улога играат и квалитетот и цената на производите.

Бидејќи вашето мислење како читатели ни е многу важно, решивме да дознаеме од која дрогерија најмногу пазарувате. Во анкетата понудени се: Cosmo, dm, Авон и Еликсир, а главниот збор го имате вие.

Опцијата за гласање на оваа анкета може да ја најдете под секоја објава на нашиот портал, а до прогласувањето на онаа во која најмногу наши читателки пазаруваат ќе имате точно една недела.

фото: unsplash