Антониа Гиговска блесна во креација на ЗЕРО потпишана од Огнен Анѓушев

Добивај вести на Viber

Младата пејачка сензација Антониа Гиговска блесна во луксузна, светло сина креација со дијамантски сјај од модната куќа ЗЕРО, потпишана од модниот дизајнер Огнен Анѓушев.

Убавината и природната харизма на Антониа одлично се надополнија со смелиот италијански шарм и префинетата елеганција на вечерниот фустан, кој ја постави нашата млада ѕвезда во центарот на вниманието на прославата на 15-годишнината од најпознатиот телевизиски моден магазин „Бекстејџ“.

Антонија со задоволство ги носи моделите на ЗЕРО и беше една од првите наши јавни личности кои беа вклучени во промотивната кампања и продолжија да уживаат во новите креации на куќата ЗЕРО.

Брендот го води младиот дизајнер Огнен Анѓушев, кој неодамна заврши моден дизајн во Милано, на еден од најдобрите универзитети за мода во светот, Институтот Марангони.