Аплауз, војвотко! Кејт во бело од глава до пети - изгледа премоќно со комбинацијата во која многу дами би се омажиле

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам отсекогаш биле ангажирани и преокупирани со бројни службени обврски, па и вчерашниот ден не беше исклучок. Парот ја посети организацијата „Elevate“ која им помага на младите да напредуваат во кариерата и да ги стекнат потребните вештини, а војвотката повторно плени во совршеното деловно издание.



Кејт избра едноставно, но софистицирано издание кое и даде атрактивен и модерен печат, а ова е мала промена во однос на нејзиниот стил кој е претежно потрадиционален и женствен.

Прославената бринета носеше блејзер со струк од Александар Меквин во бело, во кој веќе ја видовме неодамна на Јамајка, а го надополни со панталони со широки ногавици во идентична боја и бело боди.


Оваа монохроматска комбинација ја истакна нејзината витка линија, но и направи војвотката од Кембриџ да изгледа многу моќно и заводливо. Мора да признаеме дека ова е едно од нејзините подобри изданија во последните неколку месеци.

View this post on Instagram

A post shared by Catherine Duchess of Cambridge (@theelegantduchess)



Целата модна приказна ја заокружи со бели, кожени салонки, бела брендирана чанта и ефектни обетки, а долгата, густа коса едноставно ја пушти во прав стил. 

View this post on Instagram

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@dukeandduchessofcambridge)



Дали ви се допаѓа нејзината модна комбинација?


Извор: жена.блиц.рс

Фото: Screenshot Instagram