Апсење, отровни стрели и гламур! Ова е сѐ што треба да знаете за синоќешното доделување на Греми наградите
Откако ги доби трите награди, познатиот рапер беше изведен надвор со лисици, додека неговиот колега истакна дека многу од номинираните не заслужуваат да бидат таму. Што се однесува до црвениот тепих, ни тој не беше досаден!
Вчера во Лос Анџелес се одржа 66-тото доделување на наградите Греми, најпрестижните на планетата во областа на музиката, а вечерта ја одбележаа дами и неколку ситни скандали.
На доделувањето на Греми наградите се случија многу работи во знакот на Тејлор Свифт, со што американската кантавторка ја продолжи низата огромни успеси на кои сме сведоци веќе некое време. Доби Греми за албум на годината за нејзината „Midnights“, нејзина четврта победа во оваа категорија!
Со тоа Тејлор Свифт стана првата во историјата што го направила тоа, а ја доби и наградата за најдобар поп вокален албум. Како и обично, таа подготви задоволство за своите обожаватели: најави нов албум - „The Tortured Poets Department“.
Ова беше посебен момент за светот на музиката бидејќи наградата на Тејлор ѝ ја врачи Селин Дион, која веќе некое време не е видена во јавноста додека се бори со синдромот на вкочанета личност, а публиката нејзиното појавување на сцената го поздрави со огромен аплауз.
Песна на годината очекувано е „Flowers“ на Мајли Сајрус, која ги остави сите без здив со својата енергична изведба и модните изданија во текот на вечерта.
Греми за најдобар рап-албум му припадна на Killer Mike, кој доби три награди пред да биде изведен од Крипто Арената со лисици за физичка пресметка со член на безбедносниот тим на церемонијата. Неговиот ПР подоцна објави дека раперот е ослободен и дека го слави својот успех.
Тоа не беше единствениот скандал бидејќи Џеј Зи, кој излезе на сцената со ќерката Блу Ајви за да ја прими наградата „Др Дре Глобал Импакт“, рече дека некои од номинираните не заслужуваат да бидат таму, посочувајќи дека неговата сопруга Бијонсе никогаш не е наградена за најдобар албум, иако е рекордер по бројот на освоени Греми, со дури 32 награди (номинирана е дури 88 пати).
- Не сакам да ја срамам оваа млада дама, но таа има повеќе Греми од кој било и никогаш не освоила награда за албум на годината - рече тој. – Дури и според вашите стандарди, едноставно нема смисла. Размислете за тоа. Најмногу Греми, а никогаш не ја освои наградата за албум на годината. Тоа не функционира така.
Извор: glossy.rs