Моден фокус // Трендови
Атомската русокоса шармира и како црнокоса: Ги збуни сите кога се појави во фустан и панталони истовремено (ФОТО)
Актерката Шарлиз Терон остави без здив на настан во Лос Анџелес!
Повеќето луѓе ја знаат актерката Шарлиз Терон како занoсната атомска русокоса, а потоа кога реши да ја бојадиса косата во црна во јуни оваа година, збуни многумина, бидејќи после тоа како да е друга личност. Сепак, ќе се согласите дека црната боја на коса, на убавата Оскаровка ѝ одзема барем неколку години.
Иако оваа поранешна атомска русокоса (како што се вика филмот од 2017 година во кој дебитираше во главната улога) пленеше со оваа боја на коса, таа сепак продолжи да шармира со својот изглед на 47 години.
А сега се појави во црвено на настан во Лос Анџелес. Поточно, таа носеше фустан и панталони во иста боја, кои толку убаво се споија, што на прв поглед изгледа како да носи едноделен костим. Вистинска оптичка илузија! А над ова необично парче облека, на рамениците имаше црно сако, додека на нозете имаше едноставни бели сандали со прерамки.извор:mondo
фотографии:PROFIMEDIA