Avon ја започнува кампањата #EmbraceTheChange за подигнување на свеста за родовото насилство
Новите истражувања покажуваат дека само 60% од жените веруваат дека барањата за сексуална злоупотреба ќе бидат сфатени сериозно
• Светските истражувања покажуваат дека една од пет жени не се чувствуваат безбедни во нивната заедница
• Само 60% од жените веруваат дека тврдењата за сексуална злоупотреба ќе бидат сфатени сериозно од страна на правниот систем и системот за спроведување на законот
• Само 59% од жените им веруваат на правните системи во третирање на психолошката злоупотреба како криминално дело
• Повеќе од половината жени пријавуваат дека тие, или некој близок на нив, биле жртви на злоупотреба
• Кампањата на Avon #EmbraceTheChange има за цел да допре до 100 милиони жени и мажи за да ја подигне свеста за нефизичките облици на злоупотреба
Денес Авон ги објави новите истражувања кои покажуваат колку жените низ светот се чувствуваат небезбедни во нивните заедници и незаштитени од нивните правни институции. Истражувањето, нарачано од Фондацијата за жени на Авон, анкетираше 14.400 жени во 15 земји со цел подобро да ги разбере искуствата од насилство и како се чувствуваат поддржаните жени доколку тие или некој што го познаваат, се жртви на злоупотреба.
Една од пет жени не се чувствуваат безбедно
Наодите покажуваат дека една од пет жени во светот не се чувствуваат безбедно во нивната заедница, а таа тенденција е во пораст во Јужна Африка со 47% и 51% во Турција. Истражувањето исто така покажува дека жените се чувствуваат незаштитени од нивните општества. Само 60% од жените веруваат во тврдењата дека сексуалната злоупотреба ќе бидесфатена сериозно (пад на 48% во Перу), а само 58% веруваат во правните системи за заштита на жртвите на физичка или сексуална злоупотреба (пад на 45% во Турција). 59% од жените во Аргентина и 58% во Јужна Африка веруваат воправниот систем кој ќе ја осуди физичката злоупотреба како криминал.
Не-физичките форми на злоупотреба се помалку разбрани
Во истражувањата стапките на доверба беа пониски за не-физички форми на злоупотреба, додека 59% од жените во светот веруваат дека правниот систем ќе ја осуд психолошката злоупотреба како криминал, а 55% сметаат дека финансиската злоупотреба ќе се третира како таква. Само 27% од жените во Руската Федерација и 38% во Турција веруваат дека психолошката злоупотреба ќе се смета за кривично дело, во споредба со 87% на Филипините и 77% во Колумбија.
Кампањата на Avon #EmbraceTheChange работи да го промени ова
Пред почетокот на кампањата „16 дена на активизам на Обединетите нации“ против родовото насилство, кое почнува од 25 ноември, Avon започна нова кампања за да го привлече внимание кон неискажаното насилство што ги уништува животите на жените низ целиот свет. #ЕmbraceTheChange е глобална кампања за подигнување на свеста за различните форми на нефизичка злоупотреба што ја чувствуваат жените ширум светот, вклучувајќи ги и сајбер-заплашувањето, принудната контрола, емоционалната злоупотреба и уличното малтретирање.
Работејќи со 6 милиони претставници на Avon и со користење на новосоздадени социјални медиумски содржини, локални добротворни партнерства и настани, #EmbraceTheChange ќе допре до 100 милиони жени и мажи за да се подигне свеста за начините на злоупотреба и каде жртвите може да добијат поддршка. Видеата ќе бидат прикажани преку каналите на Avon во текот на ноември и декември, а ќе бидат поддржани од партнерските организации, вклучувајќи ги Women’s Aid, Vital Voices и La Casa del Encuentro.
Јан Зијдервелд, извршен директор на Avon Products Inc., рече: „Avon има долга историја во охрабрување на жените, ние се справуваме со насилството врз нив и им овозможуваме директна помош повеќе од една деценија. Алармантните наоди од истражувањето на Фондацијата Avon покажуваат дека има уште многу што да се направи. Новата Avon кампања #EmbraceTheChange повикува секој да размислува за нивното однесување и да го шири зборот за тоа што не е во ред, и како можеме да помогнеме да го промениме. Свеста е критичниот прв чекор кон создавање свет во кој жените можат да живеат ослободени од стравот од насилство. Да допрете до мажите и жените е од витално значење, а ние ќе ја споделуваме оваа кампања низ нашата заедница со 6 милиони претставници и нивните социјални мрежи на глобално ниво“.
Други клучни наоди
• 82% од жените на глобално ниво сметаат дека свиркањето, дофрлувањето и сексуалните коментари треба да се пeрцепираат како злоупотреба.
• Само 40% од британските жени и 54% од полските жени ќе знаат каде да бараат поддршка за злоупотреба.
• 38% од филипинските жени веруваат дека е обврска на сопругата да му даде на својот партнер секс кога тој ќе посака, во споредба со 9% на глобално ниво. Само 79% од филипинските жени сметаат дека е прифатливо да се користи контрацепција.
• Само 64% од жените во Бразил, 62% во Аргентина и 61% во Јужна Африка му веруваат на правниот системот во нивната земја за третирање на сексуалната злоупотреба како криминал.
• 44% од жените во Перу не веруваат дека тврдењата за сексуална злоупотреба ќе бидат сфатени сериозно од страна на правниот систем и системот за спроведување на законите.
• Само 88% од жените во Италија сметаат дека притисокот врз жената да има секс претставува злоупотреба.
Ставајќи ја општествената – одговорност како компаниски приоритет, AVON во Македонија во 2016-та година ја реализираше првата донација во висина од 10.000 долари за кризниот центар „Надеж“ кој веќе 18 години обезбедува помош на жртвите на семејно насилство во Македонија.
Овој козметичкиот гигант на глобално ниво, преку својата фондација ги поддржува активностите насочени кон креирање на побезбедна средина за живеење и просперитет на жените, а средствата кои се донираат и вложуваат во неа сеприбираат преку продажба на производи од специјалната палета обележани со симболот на бесконечност.
На почетокот на 2018 година, Авон и Фондацијата за жени го развија „Avon Promise to Help End Violence Against Women and Girls“/„Авон ветувањето за помош да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата“, обновена повеќегодишна заложба за поттикнување разговор, обезбедување информации и подобрување на поддршката.
Преку ветувањето, Фондацијата Авон соработува со пазарите на Авон и нивните НВО партнери за да им помогне на милиони жени и девојки секоја година.