Автобус ѝ ја откина раката: Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ страдаше во сообраќајка

Добивај вести на Viber

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ е во операциона сала, откако рано утрово страдаше во тешка сообраќајка која се случила во Белград, кај болницата „Драгиша Мишовиќ“. На водителката, лекарите се обидуваат да ѝ ја сошијат раката која ѝ ја откинал автобус, пишува белградскиот портал „Ало“.

Несреќата се случила утрово, откако автомобилот на Деа полесно се судрил со друг автомобил. Но, кога водителката изглегла од своето возило да се види со другиот возач и да поразговараат, на неа налетал автобус кој тешко ја повредил и ѝ ја откинал раката. 

Деа со партнерот, новинарот Младен Мијатовиќ

Првите информации кои ги објавија српските медиуми велат дека на водителката лекарите ѝ ја ампутирале раката, но новите написи велат дека Деа останала без неа при урдарот од автобусот.

По несреќата, таа итно била пренесена на ВМА во Белград, и докторите прават сѐ за да ѝ ја спасат раката. Новинарот Младен Мијатовиќ, новинар од црна хроника во ТВ „Пинк“, за „Ало“ изјавил дека со својата партнерка се слушнал но сѐ уште не се видел.

„ Морам да речам дека полицијата одлично си ја одбработи работата, и дека лекарите на ВМА прават сѐ што можат за да ја спасат.Се надевам дека сѐ добро ќе се зварши“, рекол новинарот.