Барби опавче е најпопуларната фризура ова лето: Се прави за 30 секунди, погледнете како (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг конечно пристигна во кината ширум светот, а со него и - Барбиеманијата!

На секој чекор гледаме аутфити инспирирани од најпознатата кукла на светот, трендот на barbiecore е посилен од кога било, а сега се врати уште еден детаљ од изгледот на Барби, кој е неспоредлив во текот на летната сезона.

Станува збор за фризурата Barbie updo, одличен начин да изгледате модерно додека ви е пријатно на високите летни температури!

Овој стил ќе ви даде многу волумен, косата ќе изгледа заносно и погусто, а ако на неа и додадете розов стајлинг - подготвени сте за вашата сезона на барби.

Најдобро од сè е тоа што се прави брзо и лесно, а за да го направите не ви требаат ниту посебни вештини.

Ви треба:

-Четка за коса

-Обичен стегач за коса

-Шнола штипалка

Не заборавајте прво добро да ја исчеткате косата, по можност со зафрлите косата напред за да додадете малку волумен.


@hairstyle01521 Clawclip hairstyle ideas! #sabi01521 #hairstyle #clawclip #stylish #goviral #tiktok #hair Players x Without Me - ARNEL REMIX