Бен Афлек откри зошто тој и Џенифер Лопез не се венчале пред 20 години

Добивај вести на Viber

Овој детаљ актерот го откри на свадбената церемонија.

Бен Афлек и Џенифер Лопез се венчаа изминатиот викенд, речиси 20 години откако требаше да се одржи оригиналната венчавка.

Во 2004 година во последен момент ја откажаа венчавката, а подоцна открија дека притисокот од медиумите бил преголем и затоа нивната љубов не била крунисана со брак.

Следните години имаа само убави зборови еден за друг, а потоа ја обновија врската.

Бен за време на свадбената церемонија откри зошто мисли дека тие не се венчале пред речиси две децении.

Како што изјавил извор за „Мирор“, Афлек рекол дека „децата се благослов и подарок што се случил затоа што претходно не се венчале и тоа е доказ дека сè се случува со причина“.