Моден фокус // Трендови
Бергузар Корел направи драстична промена: Фаталната Шехерезад со нов изглед (фото)
Една од најубавите турски актерки Бергузар Корел македонската публика ја запозна, а и запамети по улогата на Шехерезад во серијата „1001 ноќ“.
Покрај славата која ја стекна со серијата, таа на сетот се запозна и со актерот Халит Ергенч, со кого стапи во брак во 2009 година.
Многумина ја паметат Корел по убавата долга коса, но изгледа дека на актерката и здосади монотониот изглед и реши да направи драстична промена.
Фаталната Шехерезад сега има кратка коса, која придонесува да изгледа младолико, а тоа што е исто така впечатливо е негувањето на природниот изглед, па и неретко објавува фотографии на кои е без шминка.
Доколку сакате да направите драстична промена на фризурата, можеби Корел ќе ви послужи како инспирација.