Берлускони „симболично“ се ожени со 53-години помлада политичарка: Протекоа снимки од прославата
Поранешниот
италијански премиер Силвио Берлускони (85) и неговата 32-годишна партнерка
Марта Фасина „симболично“ се венчаа.
Фасина е член на неговата партија Форца Италија, а во медиумите се појавија снимки од нивната раскошна забава во градот Лесмо, северно од Милано. Медиумите наведуваат дека „фестивалот на љубовта“ на Берлускони се одржал во историската зграда Вила Гернето.
Прославата изгледаше како вистинска свадба, но парот официјално не се венчаше поради несогласувања околу наследството во неговото семејство. Имено, децата на Берлускони не се воодушевени од тоа што на 85 години сака да се ожени со 53 години помлада жена, која тогаш би добила право на дел од неговото наследство проценето на шест милијарди евра.
Берлускони ја започна својата врска со Марта Фасина во 2020 година, по разделбата со Франческа Паскале, која тогаш наполни 34 години. Фасина има дипломирано книжевност на Универзитетот Сапиента во Рим и има 16.000 следбеници на Инстаграм, со кои најчесто споделува политички содржини.
На Фејсбук има 5.000 пријатели, со кои ги споделува своите политички потфати.
Берлускони, пак, е најпознат по бунга-бунга забавите, каде моќниците им плаќале на малолетните девојки за сексуални услуги. Така, самиот Берлускони беше осуден затоа што платил за услугите на малолетната мароканска проститутка Карима Ел Махруг.
Фото: Фејсбук/Youtube