Беше најдобриот супермодел на сите времиња, а сега има 53 години: „И мојата долна облека имаше телохранители, толку бев славна, живеев како рок ѕвезда“

Добивај вести на Viber

Eден од најбараните супермодели на сите времиња, рамо до рамо со Синди Крафорд и Наоми Кембел, е Клаудија Шифер. Оваа 180 сантиметри висока русокоса блескаше и ги осветли модните писти, а и денес е синоним за беспрекорна, убава, успешна и избалансирана манекенка. Славната Германка на 25 август ќе го прослави својот 53-ти роденден, но изгледа како да не остарела ниту ден во споредба со деновите кога беше на врвот на кариерата.

Речиси и да нема луксузен бренд или познат дизајнер со кој овој модел не соработувал, па не е ни чудо што се однесува на жената која со златни букви ги напишала страниците од историјата на моделството.

Денес, повеќе од 30 години од почетокот на нејзината кариера, Клаудија Шифер се‘ уште стои цврсто со двете нозе на земја.


„Тоа беше лудо време! Живеев како рок ѕвезда. Имав телохранители на секоја модна ревија... Не само јас, туку и мојата облека, дури и долната облека - да, градниците и гаќичките исто така! Затоа што секогаш кога излегував на пистата и се враќав, моите работи ги немаше, сè ми немаше! Па, затоа мојата облека мораше да има лични телохранители“, се присети таа за „Elle“ како изгледаше кога беше на врвот на славата.

„Секогаш им бев чудна на другите, но навистина бев напната“. 

Клаудија отсекогаш била поинаква од другите супермодели - посериозна, помалку жедна за забава, а денес и самата го признава тоа.

„Во споредба со другите девојки, секогаш бев чудна затоа што не зборував многу со никого. Сите се возбудуваа и разговараа многу. Веројатно мислеа дека сум арогантна, а понекогаш дека сум ладна, веруваа дека не сум заинтересирана или дека не сакам да комуницирам“, рече убавата Германка, додавајќи дека всушност била само напната.

„Пред да заминам на пистата, нервите ми беа надразнети. Морав брзо да учам. Одеднаш се најдов во тој свет... Само си помислив: „Затвори ги очите и скокни внатре“, рече Шифер за собирите и забавите од високата класа.

View this post on Instagram

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)



Шифер вели дека стареењето не ја плаши и дека знае дека е дојдено време да ја префрли палката на нови надежи. Тоа се убави спомени, но мора да знаете кога е време да ја префрлите палката на следната генерација. За мене тоа е природно, нема смисла да бидам завидлива или љубоморна. Всушност, не можам да замислам ништо полошо од некој да ми каже: „Има магично апче и ќе изгледаш како да имаш повторно 20 години“. - заклучи Клаудија.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм
Видео: Youtube
Извор: женаблиц