Беше најубавиот холивудски шмекер, а остаре преку ноќ: Нови фотографии од познатиот оскаровец Метју Меконахи поради кои сите се во неверување

Метју Меконахи порано беше миленик на жените, но тоа се промени во последните години.

Оскаровецот Метју Меконахи (52) отсекогаш бил на листите за најпосакувани мажи на светот, но последниве години некако како да падна во заборав.


Имено тој беше фотографиран пред неколку дена во Лондон во бели панталони и зелена горна тренерка, а на себе носеше и капа. Обожавателите веднаш го забележаа неговиот уморен изглед и коментираа како тој „остарел преку ноќ“.

Меконахи можеби има навистина причина да се загрижи бидејќи повеќе не е баран актер како порано. Неодамна се појави во неколку цртани филмови, а неговата последна значајна улога беше во познатата серија „True Detective“, а глумеше и во драмата „Interstellar“ од 2014-та година.

Фото: Profimedia

Сè уште се памети неговата трансформација за биографската драма за животот на Рон Вудраф, „Dallas Buyers Club“, кој се разболе од ХИВ откако користеше дрога и имаше богат сексуален живот. Поради тој филм ослабе 19 килограми и доби Оскар за најдобра главна улога.

Јадеше само белки и пилешко и шест месеци не излегувашњ од дома за да изгледа бледо и пијано. Почна да го губи и видот за време на трансформацијата за улогата.

Инаку, актерот е во брак со манекенката и дизајнерка Камила Алвес (40) од 2012-та година. Тие се заедно од 2006-та година, а се запознале во ноќен клуб на булеварот „Сансет“.

Две години подоцна, тие го добија синот Леви, во 2010-та година, во семејството дојде и ќерката Вида, а најмладиот син Ливингстон се роди во 2012-та година, истата година кога парот се венча.

Извор: zena.blic.rs