Се откажа од кариерата заради децата: Брачни совети од сопругата на Метју Меконахи
Метју Меконахи е еден од најсексапилните актери, но има очи само за својата сопруга Камила Алвес. Тие се заедно повеќе од 10 години и се во брак од 2006 година. 35-годишната убавица се откажа од кариерата на манекенка, за да ги одгледува нивните три деца.
Taa во едно свое интервју ја откри тајната на долгорочната врска и што помага да се задржи страста во бракот.
- Понекогаш помага ноќ во хотел на 15 минути од дома. Си го собирате багажот, одите на вечера. Следниот ден комуницирате и спиете. Пешачејќи може да појадувате и ручате заедно- советува Алвес. „Знам кои се моите приоритети. Може да сум многу зафатена, но ако сакам да приготвам ручек на мојот сопруг, ќе станам порано“- додава таа.
Бразилката, исто така, го коментира доаѓање во САД кога имала само 15 години и не знаела ниту еден збор на англиски јазик.
„Кога дојдов во САД, работев како собарка, чистев куќи и дури не зборував англиски. Не знаев ниту збор, но сум израсната во Бразил, каде што имав пред себе примери како се подготвува по шест пати неделно и се става куќата во ред. Татко ми секогаш ми викаше: „Треба да научиш да се грижиш за својот дом“, вели сопругата на Метју Меконахи.