Беше супермодел во 80-тите, денес изгледа уште поубаво: Никој не старее подобро од оваа русокоса

Таа чекореше по модните писти во златната ера на супермоделите, кон крајот на осумдесеттите и деведесеттите

Данијела Пестова е родена во Чешка во 1970-та година, за неколку месеци ќе наполни 52 години. Откриена е веднаш по завршувањето на средното училиште, а иако планирала да се запише на факултет, откако победила на натпревар за модели, се преселила во Париз и потпишала договор со „Madison Modeling Agency“. Кога се преселила во Њујорк по Париз, нејзината кариера тргнала по нагорна линија и процветала.

View this post on Instagram

A post shared by Daniela Pestova (@daniela_pestova)


Таа се појави на насловните страници на водечките списанија, како што се „GQ“, „Marie Claire“, „Elle“, „Cosmopolitan“. Редовно соработуваше со магазинот „Sports Illustrated“, како и со брендот „Victoria's Secret“.

За разлика од повеќето модели од тој период, таа рано се омажи. Имаше 25 години кога се омажи за Томас Бути, тогашниот извршен директор на „Fashion Caffe“, со кој доби син во 1996-та година.

Бракот не траеше долго, тие се разделија веќе во 1998-ма година. Оваа година на Денот на менталното здравје таа на Инстаграм напиша: „Отидов и на терапија, ми помогна. Во тоа време бев млада, разведена, самохрана мајка, живеев сама, далеку од семејството. Бев депресивна и се чувствував изгубено. Стрес, вознемиреност, живот... Некогаш не можеме сами да се носиме, понекогаш сето тоа е премногу. Нема срам да бараш помош, не треба да поминуваш низ сето тоа сам“.

View this post on Instagram

A post shared by Daniela Pestova (@daniela_pestova)


Среќата ја најде покрај Словакот, музичарот Певел Хабер, фронтмен на групата „TEAM“. Тие се заедно дваесет години и имаат две деца, ќерката Ела, родена во 2002-ра година и синот Пол, роден во 2009-та година. Интересно е и тоа што Данијела течно зборува руски, англиски, француски и италијански јазик.

View this post on Instagram

A post shared by Daniela Pestova (@daniela_pestova)


Сè уште е активна и се појавува во бројни модни кампањи, а чест гостин е и на филмски фестивали и други настани во Чешка.

Минатата година заедно со Хелена Кристенсен учествуваше во кампањата за „Викторија сикрет“.

А едно од нејзините омилени снимања и денес е снимањето на реклама за „Викторија сикрет“.

View this post on Instagram

A post shared by Daniela Pestova (@daniela_pestova)


 „Една од моите омилени реклами што сум ја направила и секако една од најтешките. Делот со танцувањето беше страшен, но тие не ставија низ краток курс пред снимањето и мислам дека испадна многу добро“, напиша таа. 


извор: stil.kurir.rs