Вистинската љубов, во вистинско време, нѐ поврзува со правите личности: „Пролетни дождови“ новата песна на Карајан (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

„Пролетни дождови“ е најновата песна на Карајан, за која сними и спот.

Ивана Карајановска (23) е ново име на македонската музичка сцена, која уште од мали нозе ја сака музиката.

Во интервју за Женски магазин таа раскажа дека почетоците ги имала во детската емисија „Сител Бамбини“, а потоа се запишала во нижото музичко училиште, каде свирела обоа.

Нејзината прва песна беше насловена „МИТ“, и за која исто така направи спот.

„Текстот на песната искажува приказна во која се вклучени љубовта и страста на една страна, гордоста и стравот од препуштање на другата страна. Има за цел да пренесе порака дека колку и да бегаме, колку и да глумиме, колку и да не се соочуваме со себе си вистинската љубов, во вистинско време, не поврзува со правите личности“, изјави Карајан за Женски магазин.


Карајан новото име на македонската музичка сцена: Во музиката го наоѓам мирот, можам да пренесам порака и да ги изнесам моите емоции