Карајан новото име на македонската музичка сцена: Во музиката го наоѓам мирот, можам да пренесам порака и да ги изнесам моите емоции
Ивана Карајановска (23) е ново име на македонската музичка сцена, која уште од мали нозе ја сака музиката.
Почетоците ги имала во детската емисија „Сител Бамбини“, а потоа се запишала во нижото музичко училиште, каде свирела обоа.
Ивана неодамна ја
промовираше нејзината прва песна насловена „МИТ“, за која направи и спот.
Одблизу со Ивана Карајановска, која сака да биде запаметена како Карајан – Karayan...
ЖМ: Која е Ивана Каракановска, новото име на македонската музичка сцена?
-Јас сум Ивана Карајановска,
но би сакала да ме запомнат како Карајан -Karayan. Имам 23 години. Најчесто се
занимавам изведување и пишување музика, но се занимавам и со макетинг и
економија исто така.
ЖМ: Зошто ја одбра токму музиката?
-Во музиката го
наоѓам мирот кој ми е потребен. Преку музиката можам да ги изнесам моите емоции
и мисли, да пренесам добра порака, да се конектирам со личности кои можеби го
доживеале истото и да се размени меѓусебна емпатија.
ЖМ: Си се занимавала ли претходно со музика, и дали си на некој начин поврзана?
-Од многу мала се занимавам со музика. Моите почетоци се на детската емисија – „Сител Бамбини” каде што играв и ја изведував мојата детска песничка, потоа се запишав на нижо и средно музичко училиште, таму свирев обоа и учев музика поинтензивно. Тука се роди и мојата желба за творење, така и почнав да пишувам моја музика која што на почеток немав храброст да ја претставам јавно. Но „MИТ” е песна која за мене има големо значење од приватен аспект, па со неа решив да го скршам мразот. Освен ова имам и настапи низ Македонија заедно со мојот бенд – Passio Bend. Тие се вистински професионалци кои од почетокот се заедно со мене, вредно работат и ме поддржуваат во секој наеден чекор. Преку настапите имам прилика да сум поблиску до луѓето, да се забавуваме и да пееме заедно.
ЖМ: „МИТ“ е твојата прва песна, со кој ја работеше, и ќе ни кажеш ли нешто повеќе за видео записот? Какво искуство носиш од ова твое музичко деби?
-На мое големо задоволство песната ја работев заедно со Темелко Андреев кој е вистински пофесионалец, ментор, човек кој го препозна мојот талент и ми даде шанса да бидам дел од неговиот тим. Многу лесно се препознавме, па можам да кажам дека и работата на песната течеше многу брзо и лесно. Темелко е личност која работи детално и темелно. Се пазеше на секоја ситница и најискрено се вложи многу заеднички труд и љубов во правењето на песната.
Додека за видео записот се погрижи Кристијан Љушев,
идеата за спотот е негова, исто тој го снимаше и едитираше спотот. Со оглед на
времето кое го имавме сѐ сними многу брзо, со пропратни пречки и тубуленции но
сепак на крајот се добива добар производ доколку се работи со слога и тимски.
Искуството од целиот овој процес и работа на делото е незаменливо. Пред се затоа што на тој начин го живеам мојот сон, така се храни мојата душа и се раѓаат нови идеи кои со нетрпение чекам да ги претворам во музика!
ЖМ: Кои се твоите планови, дали имаш сериозни намери да продолжш да се занимаваш со музика?
-Секако, имам големи планови и се надевам дека ќе ми се остварат. Напорно работам, давам се од себе за да си го исполнам сонот и искрено се надевам дека тоа ќе биде препознаено со текот на времето.
ЖМ: Имаш ли идеја како би сакала да се развива твојата музичка кариера, дали би сакала да соработуваш со некој од познатите музички имиња кај нас?
-Би сакала да се надоградувам со нови знаења и идеи кои ќе можам да ги изнесам и пренесам на публиката. Би сакала да имам многу соработки со колеги од нашата естрада првично, сметам дека соработките се битни и многу интересни за работење, дружење и споделување на искуства.
ЖМ: Што е следно после „МИТ“?
-После „МИТ“ следат уште многу откривања за „Карајан“ преку музика. „МИТ“ е најава за се што следи, цела уветира од моето претставување како автор и изведувач. Следат многу соло песни во различни жанрови, интересни соработки – дуети и преработки заедно со мојот бенд.
Фото: Мартина Шалова Чешновар
Г.Д.Г