Бесните автомобили на српските ѕвезди: Чинат илјадници евра, а пејачките обожаваат да се фотографираат покрај нив (ФОТО)
Популарните српски пејачи поседуваат луксузни автомобили, а некои поседуваат и возен парк
Овие пејачки уживаат во скапи машини, ги сакаат своите автомобили и радосно позираат покрај своите „миленичиња“.
Теодора Џехверовиќ пред три години се почасти со скап автомобил. Станува збор за „Мерцедес Е класа“, чија цена пејачката не сакаше да ја открие.
Наташа Беквалац со години вози „Audi Q7“ чија цена варира од 23.000 до 40.000 евра.
Јелена Карлеуша има два автомобили - црн „Mercedes-AMG GLE coupe“ чија вредност е околу 70.000 евра, а поседува и кабриолет од истата марка, кој чини околу 100.000 евра.
Милица Павловиќ лани купи „Range Rover“ џип чија вредност е околу 60.000 евра. Милица откри дека вработила возач, и автомобилот не го вози сама.
Елена Китиќ вози розово „BMW X6“.
Анѓела Игњатовиќ Бресквица неодамна се почести со автомобил „Ауди ТТ“ чија цена е најмалку 50.000 евра.
Извор: www.sd.rs