Бесплатно им помагам на жените да слабеат со омилената храна: Хит програмата на Марија Соколоска
Марија Соколоска е една од ретките консултанти за губење на тежина која на многу жени кои сакаат да ослабат им помага комплетно бесплатно. Кочанчанката која 11 години живее во Лондон вели дека нејзината програма за слабеење, „Eat the Rainbow“, која стана вистински хит на социјалните мрежи, им дозволува на жените самите да ја изберат омилената храна. Таа само ги насочува во кое време и во кои количини да ја внесуваат. Програмата за слабеење на Фејсбук, Марија ја започна за време на пандемијата со коронавирусот како шестнеделен предизвик, но вели дека ќе ја продолжи од љубов и како поддршка на жените кои ја следат и ѝ веруваат. Во моментов, таа има околу 15.000 следбеници на нејзиниот профил кој е полн со фотографии од дами кои се среќни со својот нов изглед благодарејќи на програмата на Марија. Да работи како нутриционист и консултат за губење на тежина кај жени, ја инспирирала лична приказна.
„Родена сум во Кочани. На 18 години заминав да студирам во Бугарија и дипломирав на Факутетот за меѓународно право и дипломатија. По завршувањеро на факултетот се преселивме во Скопје и таму работев со мојата мајка која има туристичка агенција. Во 2007 година се запознав со сопругот и се омажив во Прилеп каде што основав семејство, ја родив мојата ќерка . Бидејќи страдав од изгореници на моето тело, цел живот трагав по солуции да го решам пред сè физичкиот изглед , и така открив дека во Англија имаат метод кој ќе ми овозможи да го доведам телото во ред, и да можам пред сè да фукционирам“, ја започна својата приказна Марија.
Во 2009 година, таа со сопругот заминала во Лондон, каде што ги направила естетските корекции за кои одамна сонувала. Откако ја родила ќерката, нејзината телесна тежина значително се зголемила.
„Јас не можев веќе да фукционирам ни психички ни физички. Борбата со килограмите беше тешка и барав секаков начин да ги намалам. Одев по тератани, се консултирав со тренери, но сфатив дека храната е таа што е најважна при процесот на слабеење. Во 2014 година го започнав мојот прв курс. И тука почна сè. Кога почнав да студирам и да откривам каде е тајната на слабеењето, ме навлече, и така почнав чекор по чекор да учам сè додека во еден момент љубовта кон тоа ми стана професија. Не престанав да студирам и сè уште учам“, вели Марија за своите почетоци.
Нејзината програма за слабеење се разликува од другите.
„Јас ја давам слободата на клиентот да ја избере храната што ја сака бидејќи тоа е важен фактор, да ужива во својата трансформација. Јас ја модифиицирам, додавам некои нутриенти, ја комбинирам и ја распределувам во текот на денот кога треба да се внесува . Исто така, водата е клучен факотор, чаевите и многу пијалоци кои се на природна база помагаат при процесот на слабеење. Во моите програми нема апчиња и нема никакви други додатоци. Природата ни дала сè и ние треба да ја искористиме. Секое посегнување по било какви апчиња или неприродни состојки може да го наруши здравето и да ни донесе јојо ефект. Организмот треба да се доведе до еден баланс и да не се посегнува по сè што ќе се прочита на интернет . За секој клиент има одредено колку и што треба да внсеува , според неговата тежина, висина, BMI (индекс на телесната маса) и многу други фактори кои ги земам во предвид пред да изготвам план“, раскажа Марија за својата програма.
Кај неа, се прават три консултации пред да одреди дали може да се работи со клиентот. Според Марија, многу од жените имаат желба да ја намалат телесната тежина, но психички не се подготвени или не излегле од нивната комфорна зона.
„ Други имаат нераеални очекувња . Јас имам посебен метод по кои се водам,пред сè даја доведам жената во процесот на трансформација. Имам ментални подготовки, кои ми помагаат при работа со клиентот а исто така и многу други методи за да се одржи иза да се заврши процесот на трансформација. Подоцна е важна постојаната комуникација за да се одржи мотивацијата. Јас се борам со моите клиенти и нивните килограми . Нивната борба е и моја. Програмата се испраќа преку имеил , но пред ја ја испратам јас се консултирам со нив за да видам дали се задоволни и дали ќе ја прифатат . Важна е нивната среќа“, објаснува Марија.
Приказната за бесплатната програма на Марија за време на пандемијата многу брзо се рашири. Нејзината како што вели мисија, траела 6 недели , но планира да направи уште предизвици, поради многуте жени кои имаат огромна желба да ја намалат тежината, а таа сака тоа да им го овозможи.
Марија во Лондон работи како нутриционист и специјалист за губење на телесна тежина кај жени, и вели дека иако е презефатена, се бори да најде време и да им се посвети на своите следбеници на Фејсбук .
„Сакам да ги едуцирам жените за начинот на здрав живот и трајното слабеење. Диетите и разните методи за слебеење , доведуваат до многу очекувања и до големи разочарувања, и многу често до јојо ефект. Ние треба да уживаме во храната и во секоја наша транасформација, а тоа се учи и потоа се практикува. Важно е да се одржи позтивниот дух, а тогашќе стасаме и до посакуваното тело“.
За клиентите со кои работеше на Фејсбук, вели дека се многу послушни, истрајни и сите го засакале нејзиниот метод „Eat the Rainbow“, најмногу поради слободата што им ја дава при изборот на храната .
„Добивме прекрасно дружење и многу пријатества, тоа беше взаемна придобивка во време на карантинот . Ова онлајн дружење го почнав од мојата душа и со многу љубов, и не очекував дека толку многу ќе се рашири . Да, го работев бесплатно со недели и успев да помогнам на многу жени кои во време на каратинот беа исплашени и посегнуваа по храна . Тие ми возвратија со многу резлуати , и тоа беше взаемна среќа . Не секогаш материјалното ни дава среќа. Ја сакам мојата држава и мојот народ . Сакам кога ни е најтешко да се сполтиме и сакав овој карантин да го поминеме во најпозитивна атмосфера“, објаснува Марија и вели дека проектот го почнала спонтано со совет кој го дала на некоја жена за природен напиток кој таа го прави, и откако се реширил, Марија веќе немала место за нејзиниот Фејсбук профил за нови пријатели и отворила нов.
„Имаше жени кои за шест недели изгубија и по 12 килограми , а многу од нив научија и за храната ,за сите комбинации и за тоа колку е важна водата и распределбата на оброците“ вели Марија за крај.
Таа се радува што жените меѓу себе се мотивирале и се забавувале со нејзината програма.
Како важен дел од целата приказна се и онлајн консултациите. Ако некоја жена сака да се откаже кога вагата стои на истата тежина, Марија ја советува да не се обесхрабрува, затоа што и обемот е важен. Но, најсреќна е кога ќе успее да ги убеди жените кои сакаат да се откажат од губењето килограми да продолжат, затоа што како што вели оваа шарматна дама, тие тоа навистина го можат.
Милица Џаровска