Беспрекорни: Пет пролетни стајлинзи на кралицата Летиција кои треба да ги ископирате
Кралица Летиција со пролетна гардероба од соништата
Летиција Ортиз останува една од најзафатените членови на кралските семејство во светот. Нејзиниот распоред во март изгледа со полна агенда, а пролетта смело се пробива во гардеробата на шпанската кралица.
На почетокот на овој месец, таа го придружуваше својот сопруг Фелипе Шести за Златниот медал за уметнички достигнувања. Шпанската кралица на церемонијата се појави во розев фустан од Moises Nieto, кој сме го виделе да го носи и претходно.
Во истата боја, но друга нијанса, шпанската кралица присуствуваше на настан посветен на Светскиот ден на ретки болести. Комбинацијата од розова блуза со долги ракави и плисирано здолниште со блескави бои е совршена за преодните денови во новата сезона.
За модната недела во Мадрид, Летиција се појави во бел фустан за кој се верува дека е дело на нејзината лична шивачка. „Пуф“ ракавите, етеричната силуета и шлицот над коленото придонесуваат за величествениот сјај на кралицата.
Цветните мотиви се најлогичниот избор за пролет, а сопругата на Фелипе Шести реши да носи плетен темносин фустан со бели цветови од шпанскиот бренд Galcon Studio, надополнет со црн ремен. Нејзината визија за посета на Малага беше комплетирана со чевли од велур од Massimo Dutti во темносина боја и бела чанта Furla.
Последната комбинација што сакаме да ви ја прикажеме не се одликува со етикетата „пролет“, но е толку добар хит што нема како да не ја вклучиме овде! Кралицата Летиција го носеше за концерт во Мадрид во спомен на жртвите на тероризмот. Овде главна улога е сјајното макси здолниште од гардеробата на кралицата Софија, кое се истакнува благодарение на свилената блуза Сандро со V-деколте, чантата Magritte и кожните чевли Прада.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube - screenshoot - casarealtv
Шпанската кралица се појави толку добро облечена што е тешко да се тргне погледот од неа: Го носи најмоќното парче од женската облека, а бојата - остава без здив