Шпанската кралица се појави толку добро облечена што е тешко да се тргне погледот од неа: Го носи најмоќното парче од женската облека, а бојата - остава без здив
Шпанската кралска двојка - кралот Фелипе и неговата сопруга
Летиција - го посетија островот Ла Палма во саботата, за да им оддадат почит на
нивната солидарност и храброст по ерупцијата на вулканот во септември минатата
година. Како и обично – сите очи беа вперени во убавата шпанска кралица, која
повторно ја воодушеви јавноста со својот моден избор.
Летиција е позната по својот префинет вкус и елеганција, па не е ни чудо што редовно се наоѓа на листата на најдобро обучени жени во Европа.
Оваа дама ужива во комбинирањето на класичните парчиња со трендовите, а често носи светли, впечатливи бои, што го разликува нејзиниот стил од членовите на другите кралски семејства.
Овој пат таа блесна во неочекувано, но многу убаво издание кое едноставно ја буди пролетта. Имено, Летиција избрала костим во боја на јоргован со цефка панталони со деловен крој и малку струкирана јакна-сако.
Кралицата го комплетираше костимот со романтична блуза од бела тантела, како и салонки и лакирана плико чанта во светло виолетова боја. Својата бујна долга коса ја врза во ниска, елегантна пунџа, а целиот аутфит го заокружи со дискретни, златни прстени.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube - screenshoot - Regal
Секоја кралица би се двоумела дали да носи вакво барби издание, но Летиција покажа дека ѝ нема рамна – изгледа совршено