Секоја кралица би се двоумела дали да носи вакво барби издание, но Летиција покажа дека ѝ нема рамна – изгледа совршено!

Добивај вести на Viber

Се смета дека шпанската кралица Летиција го отелотворува добриот стил и е верна на едноставни, намалени комбинации, но од друга страна е една од ретките жени во кралските семејства која ги поместува границите на стилот и се осмелува да носи парчиња што другите аристократски дами не би ги носеле.

Убавата бринета неодамна заедно со сопругот Фелипе присуствуваше на доделувањето на наградите во областа на ликовната уметност во градот Памплона, а очекувано - сите очи беа вперени во нејзиното елегантно, префинето издание.


Летиција избра фустан со женствен А крој во миди должина, креација потпишана од брендот Moises Nieto, а овој фустан чини околу 350 евра.

Имено, славната кралица, која ја носи титулата една од најдобро облечените жени во светот се одлучи за светло розова боја, која е голем тренд оваа пролет, но многу ретко се избира кај благородничките во Европа и светот. Оваа светкава нијанса најмногу ја избегнуваат жените со деловен, софистициран стил поради страв да не остават несериозен впечаток, но Летиција докажа дека со намалените детали и правилниот крој и розовата барби боја може да биде избор во свечените прилики.


Аутфитот го заокружи со салонки во беж боја, а ни се допаднаа и нејзините обетки со розови и зелени кристали. Својата бујна долга коса ја завитка во благи локни - нејзината веќе препознатлива фризура.


Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube - screenshoot - casarealtv