Ѝ бев љубовник на Лепа Брена, ме третираше како жиголо: Овој пејач шокираше со изјавата

Лепа Брена е позната по тоа што внимателно ја чува својата приватност. Но, сега сите останати се изненадија кога овој познат музичар се јави, тврдејќи дека е нејзиниот љубовник

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се еден од најпопуларните парови на домашната сцена. Југославија внимателно го следеше нивниот љубовен живот и развојот на романтиката. Во тоа време Боба беше активен тенисер, додека Брена блескаше на музичката сцена. И денес нивниот брак се смета за идеален.

View this post on Instagram

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Сепак, сите беа шокирани од тврдењето дека Брена наводно во еден момент имала љубовник?!

Драган Антонијевиќ Арлекин, музичката ѕвезда која ја воодушеви домашната јавност во осумдесетите, по затишјето во кариерата, избра да се врати на голема врата со книга посветена на Лепа Брена.


Имено, овој музичар во 1993-та година тврди дека тој и Брена лудо се сакале.

„ Брена ја запознав во студиото на покојниот Рака и веднаш ми се допадна. Со време и таа се заљуби во мене, но јас тогаш имав девојка која подоцна ја оставив бидејќи не сакав да ја изневерам. Моите чувства за Брена беа силни. Се гледавме често, еднаш се обиде да ме бакне додека бевме со Марина и Фута во станот, но ја оттурнав затоа што се плашев дека брзо ќе ѝ здосадам, разговараше и со мојата мајка, се пожали и на Марина, но сепак се правев глупав.

Мислам дека нашата љубов не успеа поради Марина и Фута. Некое време ѝ бев како жиголо бидејќи во мене гледаше привлечност, а беше свесна дека не може да оди со мене низ животот, бидејќи јас бев музичар во подем и таа голема ѕвезда. Кога се омажи за Боба, јас објавив книга за нас и нашата несудена љубов. Брена беше воодушевена, но не и Боба. Праќаше луѓе да ме тепаат, а потоа ги купи сите книги за да не завршат во јавноста“, објасни Драган.


Извор: stil.kurir.rs