Без часовник не одам ни на вежбање: Македонската парфимерка Марија Аслимоска го открива омилениот моден додаток

Добивај вести на Viber

Добро избраниот часовник е секогаш одличен додаток, кој секоја модна комбинација ја крева на едно повисоко ниво. Со ова се сложува и Марија Аслимоска, македонската парфимерка. 

Со неа разговаравме за тоа колку таа претпочита да носи часовници, но и дали ги носи заради нивната функција, заради надополнување на целокупниот изглед или пак заради двете причини по малку.

„Со огромно задоволство ја комбинирам функционалноста на часовниците при што сум фасцинирана од прецизната механика, бидејки сум личност која исклучително ја цени точноста во деловниот и во приватниот живот, и стилската фуннкционалност со што го комплетирам мојот целокупен изглед. Часовникот на мојата рака ми дава доволно самодоверба при што се чувствувам дека јас владеам со светот околу мене, на ист начин како што владеам со мојот изглед.“ - ни посочи Марија.

Не случајно ја отворивме оваа тема со Марија. Имено, таа беше дел од рубриката „На кафе во Бела“, каде моделите на „Бела“ ги збогати со часовници и накит од „Божиновски“. 

„Соработката со Бела каде што ги носев и часовниците и накитот на Божиновски часовници и накит беше една спонтана игра, и верувајте пред сè, јас никогаш не би носела нешто што не прилега на мојот стил и мојот начин на облекување. Тука се подразбира и сите детали, накит и часовници.“ - откри Аслимоска, а потоа додаде:

„Божиновски како компанија ми се познати веќе многу години и бев пресреќна кога ми се даде можноста да одберам парчиња накит и часовници токму од тука, бидејќи изборот коj го имаат како и стилот на моделите се од најпосакуваните брендови на часовници и е она во што јас верувам и го сакам. Исто така се едни од многу ретките во нашата држава каде може да најдете накит со вистински дијаманти. Мислам дека на сите ни е многу добро познато дека кога е во прашање на раритет, луксуз и совршен избор -  се мисли на Божиновски.“

Кога се во прашање часовниците, Марија има и свој фаворит, за кој не се двоумеше да го открие, но посочи и што е она што ѝ е многу важно кога е во прашање изборот на часовник:

„Секако мојот ROLEX, нo тука е и мојот TAG HEUER Aquaracer кој го имам повеќе од 10 години, и со задоволство го комбинирам со мојот стајлинг, бидејќи лесно се адаптира со спортско елегантниот изглед.

Еден мал детаљ кај часовник кој може искрено да ме израдува се фосфоресцентните стрелки и индекси кои ми помагаат во текот на ноќта или рано наутро да го видам часовникот без да го отварам телефонот кој веднаш би ми го нарушил сонот. Мене без накит и часовник буквално не можете да ме видите, дури и на моите часови за вежбање.“

Но, покрај овие фаворити, Марија откри дека искуството од соработката со Божиновски ѝ отворило нови хоризонти, и дека искрено се заљубила во два модели.

„Станува збор за OMEGA Seamaster planet ocean кој со својот бел порцелански безел поставен на СЕДНА злато изгледа божествено. Белата е моја омилена боја, но она што ме изненади е што никогаш не очекував дека ќе ме освои целосно бел часовник. Овој пат сум целосно освоена во белината на овој часовник со златни детали.“ 

„Вториот часовник е Breitling chronomat  од најновата женска колекција. Има нешто многу моќно во овој часовник. Доволно елегантен и женствен, но во себе ја содржи целата моќ на фамилијата Chronomat , која е всушност силна машка колекција.“

Со часовникот, Марија не го комплетира својот изглед, бидејќи таа е „слаба“ и на накитот.

„Што се однесува до накитот, мојата фасцинација се познатите производители со богата историја. Фанатички присуствувам на аукции на големите аукциски куќи кога има наддавање на накит од такви производители, посебно кога датира од пред 70-100 години.“ - нескромно откри таа, а потоа додаде:

„Во детали проаѓам по историјата на секое парче, длабоко замислувајќи ги моментите кога тоа мало и скапоцено уметничко дело било изработувано, со кој жар било купено или подарено, какви емоции разбудувало, и самата помисла дека целата таа историја може да ја имам во моите раце разбудува наплив на возбуда во мене. Накитот изработен од вакви производители никогаш не ја губи својата вредност, останува да сведочи за своето време  претставувајќи едно наследство кое е вредно за почит.“

Кога е накитот во прашање, но и соработката со Божиновски, Марија екслузивно открива кој престижен бренд за накит ќе пристигне во нашата држава.

„Во целата моја возбуда и фасцинација за накит, ќе ви откријам една мала тајна на која сум горда. Наскоро, веќе во прашање се неколку недели, во Македонија доаѓа еден таков бренд на накит. Бренд кој е во друштвото на  најпрестижните брендови на накит кој е на рамниште со  Bulgari, Chopard I Cartier, и веднаш под Graff, Harry Winston I Van Cleef & Arpels. Станува збор за Damiani, и мојата возбуда расте во исчекување на моментот да бидам првата која ќе ја имам можноста да ги пробам моделите на Дамјани во Македонија. И секако, кој може да е виновен за ова? Божиновски часовници и накит, моите најомилени.“

Часовниците кои ги носеше Марија на оваа фотосесија може да ги најдете во продавниците на „Божиновски“ или на нивната веб-страница.

Часовници и накит: Божиновски

Модни комбинации: „Бела

модел: Марија Аслимоска 

фото: Мартин Трајановски

* ПР - објава