Без квасец, без чекање да нараснат, со 4 состојки: Најдобар рецепт за леб од цело зрно што можете да го јадете дури и ако сте на диета
Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете
Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно. Потоа посегнувате по рецепти за леб од цело зрно, како што е спелтата.
Не содржи глутен, многу е хранлива и е најблиску до белото брашно. Лесно може да се направи секаков вид пециво, дури и без додавање квасец.
Ви пренесуваме рецепт за супер мек интегрален леб, кој ќе го сакате и ќе го јадете дури и кога сте на диета.
Неопходно е:
2 чаши брашно од спелта
1 чаша брашно од овес или 'ржано брашно
2 чаши кисела вода
една лажичка сол
2 супени лажици маслиново масло
1 прашок за пециво
* по желба семки за посипување
Подготовка:
Во садот истурете го брашното, додадете ја киселата вода и сите останати состојки, па измешајте со лажица. Покријте го плехот со хартија за печење, а потоа истурете ја смесата во неа. Намачкајте ја малку лажицата и убаво обликувајте го лебот. Посипете со семки по желба и покријте со фолија.
Печете во загреана рерна на 230 степени околу 50 минути, по што треба да ја извадите фолијата и да го оставите лебот да се испече. Откако ќе се олади, ставете го во хартија, па во кеса и чувајте го на ладно место, да не мувлоса.
Вака приготвениот леб може да ви издржи и до 7 дена, доколку во меѓувреме не го јадете, што е малку веројатно, бидејќи е премногу вкусен и премногу мек.
Извор: glossy.rs