Бидете први: Пробајте ја новата техниката на фарбање, косата со неа добива поголем волумен и станува посјајна

Добивај вести на Viber

Бојата ќе изгледа природно, а косата ќе биде мека и сјајна

Последниве години балајажот и омбрето се на тронот, кога се во прашање модерните фризури и фарбањето на косата.

Сепак, техниката на фарбање „Shatush“ (шатуш) станува сè попопуларна.

Како балајажот, техниката шатуш и дава на косата поцелосен и погуст изглед, за што придонесуваат полесните прамени, околу кои оваа техника е сведена.

За разлика од обичната техника на боење или омбре, шатушот вклучува нанесување на бојата со слободна рака, со што полесните прамени ќе изгледаат како целосно природно осветлени на косата.

Бојата може да се нанесе со слободна рака или со четка за фенирање. На тој начин, за разлика од класичното фарабање, косата ќе се фарба спонтано, па ќе изгледа сосема природно.


Тајната е во тоа што нанесувањето на оваа боја ги осветлува деловите од косата кои инаку, визуелно, би изгледале посветли поради сончевиот сјај.

Оваа техника е наменета за сите типови и бои на коса.

За да го добиете посакуваниот ефект, консултирајте се со вашиот фризер за избор на нијанса. Најдобро решение е да користите малку посветла нијанса од бојата што преовладува. Може да добиете и интересен резултат доколку се одлучите за нијанса блиска до вашата природна боја.


Доколку сте ја смениле вашата природна, посветла боја во малку потемна нијанса, израстокот кој ќе се појави по некое време нема да го расипе изгледот на самата коса, бидејќи одлично ќе се вклопи со посветли прамени.

Сличен ефект добивате и ако случајот е обратен, односно ако вашата природна боја е потемна од бојата која сте ја користеле за фарбање на косата.


Фото: Shutterstock

Урбана, шик и дрска фризура, намалува години од лицето: Како создадена за модерни жени кои сакаат да се истакнуваат во толпата!