Бидете во тренд летово: Брановидната коса станува хит на сезоната, а еве како да ја носите (ФОТО)
Апсолутен ХИТ ова лето! Брановидната коса ќе го заземе првото место кај жените во топлите денови.
Жените конечно ќе можат да се одморат од напорните и тешки фризури.
Секоја жена кога ќе посака промена ќе се одлучи за првата и најефективна, а тоа е промена на фризурата. Добрата вест е дека брановидната коса наскоро ќе биде хит кој ќе можете да го прилагодите на вашиот тип на коса.
Пет видови на бранови и како да ги носиме:
1. Кратки брановидни фризури
Од Ванеса Хаџенс до Тејлор Хил, најсамоуверените жени носат кратки брановидни фризури.
2. Ботичели бранови
Овие бранови се водечки тренд за 2022 година, а тоа се докажа и на Мет Галата.
3. Ретро бранови
Не, оваа фризура нема намера да излезе од мода, а нејзин заштитен знак се неуредните бранови. Наменета е за ретро девојки и сите кои сакаат ваков тип на фризура.
4. Бранови + шишки
Како Французинките ги носат брановите? Па, со шишки, секако - и неуредни, така зрачат со елеганција и опуштеност во исто време.
5. Исфенирани бранови полни со волумен
Полуксузни бранови направени со фен за коса и тркалезна четка (ова важи само за долга коса), а ефектот е повеќе од елегантен и моќен во исто време.
Кој вид на бранови го одбирате вие?
извор:najzena