Бијонсе и Џеј Зи повторно во Хрватска: Ѕирнете како ужива славниот пар

ФОТО: EPA.EU

Славниот пар моментално е на Јадранот со своите наследници на супер луксузна јахта.

Атракција на хрватското приморје деновиве е огромна јахта на која се гледаат познатиот пар Бијонсе и Џеј Зи. Овој пат папараците ги уловија како се одмараат закотвени во Цавтат. И додека раперот лежеше и замислено гледаше во далечината, Бијонсе, очигледно поенергична, постојано одеше и се обидуваше да фати уште еден сончев зрак.

Foto: Profimedia



Парот на јахтата престојува со трите деца, а можеше да се забележи дека покрај слугите има и телохранители и дадилки. Ова не е првпат музичките ѕвезди да се во Хрватска. Тие во 2009 година беа фотографирани во Дубровник и Цавтат, а одморот во тој период ќе им остане во сеќавање поради инцидентот во кој нивниот телохранител нападна хрватска новинарка. Епилогот на инцидентот бил прекршочна пријава и парична казна, која нивниот вработеа морал да ја плати поради нарушување на јавниот ред и мир.

View this post on Instagram

A post shared by Vrnik Arts Club (@vrnik.arts.club)



Нивната јахта денеска се упатила кон Корчула, каде што одат секогаш кога ќе бидат во посета на оваа земја, а се верува дека како и секој пат кога ќе бидат во Хрватска, ќе го посетат и малиот остров Врник, каде во тамошниот ресторан ќе уживаат во медитеранските специјалитети. При претходната посета тие направија заедничка фотографија со домаќините во Врник, која ја објавија многу подоцна, почитувајќи ја приватноста на нивните познати гости.