“Black friday“ шопинг лудило со картичките на American Express
Почнувајќи од овој петок 29-ти ноември започнува “black Friday” шопинг лудилото за корисниците на American Express картичките издадени од Силк Роуд Банка АД Скопје.
Со секоја трансакција со картичките направена на ПОС терминал во продавниците на Zara, Massimo Dutti, Stradivarius, Bershka, Pull & Bear, Superdry, Springfield, Women’secret, Levi’s, Mango, Parfois и Timberland, корисниците добиваат 10% поврат на средствата од износот на направената сметка со картичките.
Повратот на средствата се однесува за сите купени производи во продавниците, без ограничување и без разлика дали производите се веќе со намалени цени на попуст или не.
За треската да е уште поголема, повратот на средства од 10% ќе важи во сите горенаведени продавници и во текот на наредната недела односно заклучно до 4-ти декември.
Силк Роуд Банка АД Скопје е единствен и ексклузивен издавач на American Express картичките.