Блага Петреска на Златна Бубамара: Покажа што е стил и им одржа лекција

Секогаш насмевната и весела пред камера, на улица, на фестивал, секаде! По тоа е и препознатлива Блага Петреска, но публика ја знае и по нејзините многубројни испеани македонски народни хитови, песни без кои не може да се замисли скоро ниту една македонска свадба или веселба. Каде и да се појави ги развеселува сите со својата позитивна енергија.

Токму поради нејзината богата музичка кариера, на познатиот фестивал на новосоздадена Македонска народна шегобијна песна „Тумба Фест“ во Куманово ѝ беше доделена наградата за Животно дело. 

А на неодамнешната Златна Бубамара волшебен настап имаше заедно со Ефто Пупиновски со „Песната може сѐ“, а добија награди за животно дело.

Блага остана доследна на својот стил- врвна елеганција соодветна и за годините и за пригодата и за оддавање почит. Облечена во црна раскошна толата како за на Оскари, ја освои сцената без претерана помпа, а изгледот го заокружи со црни долги ракавици